Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Станков: Дел од жртвите во пожарот во Кочани со изгореници од четврти степен, кај четворица констатирано задушување од стампедо
Македонија

Станков: Дел од жртвите во пожарот во Кочани со изгореници од четврти степен, кај четворица констатирано задушување од стампедо

21/03/2025

AA

Александар Станков, раководител на Институтот за судска медицина денеска информираше за спроведената обдукција и идентификација на починатите изјави дека кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид.

Станков вели во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење. 

Обдукциите почнале вечерта, на 16 март, а завршиле претпладнето на 18 март. Идентификацијата, пак, 99 проценти била завшрена во вторникот, на 18 март, а комплетно во утринските часови на 19 март. Идентификацијата првично се спроведувала во болниците каде што биле жртвите, но само со помош на препознавање и лични документи, а потоа биле применети и ДНК анализа и дактилоскопија при што, за да нема никаква грешка, проверка се правела по неколку пати.

-Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи. Во детали не би влегувал зашто не се завршени сите анализи, но постојат фрактури на ребра и знаци за притисок кои довеле до задушување, подвлече Станков на прес-конференција.

Во однос на задушувањето, докторот објасни дека под дејство на јаглерод моноксид се јавува главоболка, повраќање, вртоглавица, безсознание, дезориентираност, парализа на мускулите и во вакви случаи, жртвите, вообичаено, се наоѓаат веднаш до местото од кое се обидувале да избегаат.

-Овој гас е многу опасен, нема мирис и вкус, делува на централниот нервен систем, ги онеспособува жртвите и смртта може да настане многу брзо, за неколку минути, зависно колкава е концентрацијата. Во дискотеката каде што се случил пожарот, во тој чад и простор, под дејство на јаглерод моноксид смртта може да настане многу брзо. Ова е многу опасен гас и најчесто се јавува при вакви пожари, поради недоволно, некомплетно согорување. Сепак, во овој случај треба да се земат предвид и другите работи како амбиенталното задушување зашто огнот што гори го троши кислородот, па покрај влијанието на јаглерод моноксидот, има и намалено количество на кислород, нагласи Станков, додавајќи дека во најголем број случаи при вакви големи пожари не е исклучено да се појават и цијан водород и сулфур водород.

На македонските тимови од Судска медицина помош им понудиле колегите од Атина, Солун, Ниш, Белград, Приштина, Тирана, Сараево,…, но нашите експерти, како што потенцира Станков, сами ја завршиле работата.

Одговорајќи на новинарски прашања, Станков подвлече дека обудкциите се нужни за да се докаже вистината. 

-Обдукциите се вид собирање материјални докази зашто со нив се одредува причината на смртта, дали постојат други повреди идали прчината за смртта е поврзана со настанот. За а излезе птавдината на виделина и за да иумаме комплетен судски процес, но ид а се покажеме како правна, нормалнма држава, мора да се почитуваат одредени правуила, ние тие правила ги почитуваме, не може да вршиме идентификација и да одредуваме причина за смрт само со преглед, мора да се направи комплетна обдукција и позитивна идентификација за да излеземе пред судот каде ќе имаме многу прашање за да може да ги одговориме, објасни докторот.

На прес-конференцијата беше и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ. Тој и Станков изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy