Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стандардот на вработените и студентите, условите и респектиран УКИМ во фокусот на професорот Атанас Кочов, кандидат за ректор
Македонија

Стандардот на вработените и студентите, условите и респектиран УКИМ во фокусот на професорот Атанас Кочов, кандидат за ректор

06/05/2023

AA

Професор доктор Атанас Кочов, кандидат за ректор на УКИМ, во интервју за Сител ја образложи неговата програма, за која вели дека има за цел овозможување подобри услови и статус на универзитетот.

Како што вели, со неговиот избор, програмата би ја реализирале како тим, со цел подигнување на нивото на УКИМ, односно универзитетот треба заеднички да се врати на патеката каде што заслужува да биде како најстар, најдобар и најквалитетен во Македонија, а токму неговата борба ќе биде насочека и кон подигање на стандардите на секој вработен на универзитетот.

„УКИМ е ризница, македонска ризница. УКИМ е традиција. УКИМ е извор на сите академски и научни елити во Македонија кои биле креатори не само на македонската, не само на државната туку и на регионалните политики. Од таа гледна точка мислам дека е неопходно, во наредниот мандатен период, да го направиме УКИМ да биде оној кој треба да биде, а тоа е еден и единствен. Ако сите државни универзитети во Македонија проиизлегоа во суштина од УКИМ, бидејќи кадарот кој што беше и е ангажиран во јавните универзитети е кадар кој што е произведен во универзитетот Св. Кирил и Методиј. Тоа значи дека УКИМ треба да го заземе своето посебно место на ниво на држава. Тоа значи дека мора да се регулира начинот на финансирање на високото образование, односно начинот на финансирање на овој стожее бидејќи досега сме на најниско ниво од аспект на стандардот на сите вработени на УКИМ, што е недопустливо, недозволиво. Мораме да се грижиме за да имаме современи и европски програми, а тоа значи дека мора да имаме и комплетно опремени лаборатории. Односно, мора да имаме и средства за да тие лабораториите да ги негуваме, каде не само наставен процес, туку да се одвива и наука и истражување доколку сакаме УКИМ да го издигнеме на повисоко ниво. УКИМ треба да биде респектиран од сите, тој кој ќе биде водилка на високото образование“, рече проф. Кочов.

Според проф. Кочов, борбата ќе биде насочена и кон стандардот на студентите, посебно во делот на студентските домови и условите во нив.

„Постојат начини. УКИМ треба да има претприемачки дух кој што ќе овозможи наредни канали со кој што ќе успее условите да ги направи да бидат солидни и за сите вработени, и за студентите“, вели професорот.

Тој порачува дека на студентите треба да се гледа како на партнери, а не како некои кои ќе дојдат, ќе поминат одредено време таму и ќе заминат.

„Ние сме маса од 50.000 луѓе. Тоа е маса која мора да биде респектирана. Ние не смее да дозволиме она што сега се случува во државата, ректорот или деканите да трчаат по министерствата и да молат одредени планови да им бидат одобрени или да бидат одобрени одредени финансиски средства“, додаде тој за „Сител“.

Прашан за тоа дали УКИМ може да биде рамо до рамо со останатите универзитети во светот, професорот Кочов порача дека УКИМ можел, може и ќе може.

Според него, капацитетот на децата е добар, и затоа мораат да се соединат како фела и своето знаење да го насочат кон превенирање на вакви работи.

Професорот вели дека со промена на интерната организација, планот е да се задржат студентите да студираат токму на овој универзитет наместо да запишуваат студии на светски универзитети.

Изборите за ректор на УКИМ се на 30 мај, а во трката учествуваат 6 кандидати.

Во продолжение погледнете го целото интервју на професорот:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy