Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ – емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор
Економија

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ – емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

04/07/2024

AA

Станав милионер без А1, но останав без милионите поради А1, вели Велија Рамковски, некогаш познат и моќен бизнис магнат, кој со својата А1 успеваше да ги контролира економско-политичките текови во државата, во најновиот поткаст Бизнис муабети, кој во текот на утрешниот ден ќе се емитува на порталот Фактор.

Како од најмоќен бизнисмен и милионер стигна до затвор. откриваме во поткастот Бизнис муабети со Велија Рамковски. Зборува за А1 Телевизија, а ќе можете да ја слушнете и неговата емотивна исповед за престојот во Шутка и Идризово. Дали повторно би ја отворил А1 Телевизија, но и колку пари има денес Рамковски. Сето ова, но и многу други интересни новини ќе можете да слушнете во утрешното издание во Бизнис муабети, само на Фактор, со познатиот водител Мишко Иванов.

Откриваме уште еден интересен детал од разговорот.

Мишко Иванов ударно му поставува едно интересно прашање.

Кој го предаде Велија Рамковски?

А гостинот како од пушка одговара – Никој.

Иванов вели – Не може никој. 

А Рамковски повторува – Никој, апсолутно никој. 

Иванов вели Бранко Црвенковски ќе ве ставаше премиер, на Никола Груевски му го правевте буџетот…

Велија вели:

„Јас и Бранко Црвенковски, секогаш бевме, уште во 2002 година, пред избори, секогаш со него преговарав да го намали буџетот. Се сеќавате на онаа негова парола – На 15 септември….“, вели Рамковски.

Рамковски не одговара на прашањето дали комуницира со неговиот син Хеди, и вели дека уште 5 пати да биде прашан, нема да одговори.

На прашањето дали му недостасува, тој вели – „Трагедијата на семејството Рамковски уште трае. Страшна е. Лично јас се разликувам од целата моја фамилија, но ја немаат сите таа „лудост“. И мене ми е жал, не сум виновен, а сум виновен за целата моја фамилија. И сите ги имам ставено на мака. И мене ми е многу жал за моето семејство, за жената за децата. Ми е жал за сите соработници кои беа во затвор. Но јас сакам пак да го живеам животот, пак да станам и пак да се борам за она што сметам дека треба, и да го направам денот да ми биде убав. 

Но, доста ви беше за оваа тема, би ве замолил…

Тоа е многу тешко и не му го посакувам на никого. Мене да ме затвореше, разбирливо е. Јас тргнав да го рушам, нека ме сруши мене (мисли на Груевски -н.з.). Но, зошто децата, зошто семејството, зошто другите соработници. Зошто и сите вас да ве остави без работа (мисли на поранешните новинари на А1 телевизија – н.з.). Мене не ми е лошо, ни во затвор не ми беше лошо…“, вели Рамковски. 

Целиот поткаст гледајте го утре.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД ЗЕЛС Ѓорѓиевски најави нов начин на работа

31/01/2026
Македонија

НА ЕКРАНИ ПРЕД ФАБРИКИТЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВУВААТ ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ

30/01/2026
Македонија

Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на

30/01/2026
Македонија

НОВИНАРКАТА ВЕЈСЕЛИ КАЗНЕТА ЗАТОА ШТО СПОМЕНАЛА ИМЕ НА СУДИЈА ВО

30/01/2026
Македонија

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено –

30/01/2026
Македонија

Николоски: На состанокот во вторник со ЕУ ќе понудам најдобри

30/01/2026
Македонија

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на булевар „Словенија“ во Скопје

30/01/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ДОЖДЛИВАТА ЗИМА Променливо облачно со повремен дожд и снег

30/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40845
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД ЗЕЛС Ѓорѓиевски најави нов начин на работа и клучни реформи

31/01/2026

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја предводеше втората седница на Управниот одбор на Заедницата

НА ЕКРАНИ ПРЕД ФАБРИКИТЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВУВААТ ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ Хоџа најави построга борба против

30/01/2026

Борбата против загадувањето на воздухот ќе се води преку сеопфатен пристап кој ќе опфаќа контрола на загадувањето од индустријата, институциите

Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна

30/01/2026

Македонската музичка сцена изгуби едно од своите најпрепознатливи и најавтентични имиња. По кратко боледување, во Гостивар почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy