Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стан во центарот на Сплит 170, дневнo кирија за куќа 400 евра: Одморот во Хрватска станува сѐ поскап
Регион

Стан во центарот на Сплит 170, дневнo кирија за куќа 400 евра: Одморот во Хрватска станува сѐ поскап

21/02/2023

AA

Хрватскиот туризам последниве години е во центарот на
вниманието, но не се зборува само за добрите страни на одморот во овој дел на
Јадранот, туку и за малку понегативните – поточно за цените.

Дополнително, откако започна инфлацијата, цените во просек
се повисоки за 30 отсто.

Тоа, меѓу другото, значи дека и странските туристи, а
особено домашните – со помала потрошувачка моќ, годинава би можеле да изберат
некои поевтини дестинации.

На пример, викендичките, особено оние со базен, поскапеа, а
една лоцирана во Задварје чини дури 400 евра дневно. Сепак, интересот не е
помал, иако цените за изнајмување постојано растат во последните три години,
пренесува Seebiz.

– Како што се зголемуваа цените на влезните параметри, така
се зголемуваа и цените за изнајмување во мојот случај, за околу 10 проценти –
вели сопственикот на оваа викендица, Јозо Радељиќ.

И во Загора и на крајбрежјето сите што изнајмуваат
сместување велат дека морале да ги прилагодат цените – нагоре. Претседателката
на Хрватското здружение за семејно сместување, Барбара Марковиќ, изјави дека
лани, во просек, изнајмувачите ги покачиле цените за 15 до 20 отсто.

– Сепак, мораме да одиме уште подалеку, бидејќи мораме да ги
надоместиме сите трошоци што ни се наметнати – вели таа.

Според Барбара Марковиќ, гарсоњера за две лица во центарот
на градот на Сплит моментално чини 170 евра, додека во 2021 година чинела 100,
а во 2022 година – 150 евра.

– Мислам дека поскапувањето ќе биде околу 30 проценти во
однос на изминатите три години. Најавите за самото срце на сезоната се добри,
но гостите што се сега овде го забележуваат поскапувањето на сместувањето –
рече Марковиќ, а се огласи и турист
од Јужна Кореја, кој рече дека во Хрватска се веќе цел месец, и дека нивна
следна дестинација е Италија.

Сепак, како што вели, „Хрватска им е многу поевтина од чизмата“.

Иако и хотелите ги прилагодија цените, тие не се загрижени
за пополнетоста. Гости кои бараат целосна услуга – тие се подготвени да платат
за тоа. Директорката на хотел во Сплит, Невена Чикеш, вели дека поскапувањето
годинава е 15-20 отсто во зависност од категоријата.

Фото: unsplash

Извор: телеграф

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy