Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стаменковски вели соработувал со обвинителот Рајчев, тој пак негира: Не го познавам!
Македонија

Стаменковски вели соработувал со обвинителот Рајчев, тој пак негира: Не го познавам!

17/05/2023

AA

Сопственикот на порталот Доказ-М, Марјан Стаменковски денеска побара изземање на обвинителот Сашо Рајчев, бидејќи, како што вели, му доставил информации за да објави во неговиот портал, а за дел од тие текстови, тој се гони кривично.

„Барам да се изземе почитуваниот обвинител Сашо Рајчев поради повеќе судири на интереси. Според мои сигурни информации, ОЈО мислам дека ќе излезе и со подетални информации, можеби и со обвинителен акт, лицето Рајчев ми има испраќано информации, кои се дел од предметите за кои ме судите, но и за предметите за кои Претседателот на Јавното вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи, побарал извинување од мене, но и за други прашања“, вели Марјан Стаменковски.

„Сметам дека денешното барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите кои што тој ги објавуваше секојдневно и кои што се предмет на оваа кривична постапка“, изјави јавниот обвинител Сашо Рајчев.

Тој вели дека воопшто не го познава обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“.

„Ниту го познавам обвинетиот Маријан Доказ, ниту сум имал контакти лични и какви било, ниту сум имал каква било комуникација, така што наводите од негова страна изнесени денеска на денешната седница ги отфрлам како целосно невистинити коишто ги документирав со писмена изјава која што ја доставив до обвинителството и сметам дека денеска даденото барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите коишто тој ги објавуваше секојдневно и коишто се предмет на оваа кривична постапка“, изјави тој.

Во врска со прашањето дали ќе поднесе тужба, имајќи предвид дека тврдењата на обвинетиот Марјан Стаменковски може да се сметаат како клевета, тој одговори потврдно.

„Земав записник од денеска изнесените невистини против мене и тие невистини кои што упатуваат на клевета согласно позитивните прописи претставуваат основ за поднесување на тужба. Така што, да ги прочитам убаво и во скоро време ќе биде тоа изреагирано“, рече тој.

Денешната седница во Апелациониот суд Скопје беше одложена за 19 мај поради барање за иземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. За барањето за иземање ќе одлучува јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“ Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.

При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42386
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник и двајца малолетници, возачот без

11/04/2026

Полицијата приведе тројца млади лица откако во автомобил на локалниот пат кон Камењане било пронајдено повредено куче, за кое постои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy