
СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Кои три земји можат заедно да го сторат тоа?
Три земји можат да го стабилизираат нафтениот пазар, откако има воени дејствија меѓу Израел и Иран.
„Русија, САД и Саудиска Арабија би можеле да дејствуваат заедно за стабилизирање на нафтените пазари доколку е потребно“, изјави рускиот инвестициски претставник Кирил Дмитриев.
Цените на нафтата се зголемија откако Израел соопшти дека ги нападнал иранските нуклеарни постројки во Натанц и Арак преку ноќ, а инвеститорите се соочија со стравувања од поширок конфликт на Блискиот Исток што би можел да ги наруши испораките на сурова нафта, објави Ројтерс.
Дмитриев, раководител на рускиот суверен фонд за богатство, изјави за Ројтерс дека има преседан за слична заедничка акција во 2020 година.
„Постои пример кога рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман одиграа клучна улога во стабилизирањето на пазарот“, рече Дмитриев на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Во пролетта 2020 година, додека цените на нафтата скокнаа поради пандемијата COVID-19, Трамп посредуваше во договор со водечките производители на сурова нафта, Русија и Саудиска Арабија, за намалување на производството и смирување на пазарот.
Во светот можно е да има инфлацијата поради скок на цените на нафтата ако војната продожи.
foto freepik.com