Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ПОДГОТВУВА ЧЕТИРИ НОВИ ЗАКОНИ УСОГЛАСЕНИ СО НАЈНОВИТЕ ЕВРОПСКИ ДИРЕКТИВИ
Економија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ПОДГОТВУВА ЧЕТИРИ НОВИ ЗАКОНИ УСОГЛАСЕНИ СО НАЈНОВИТЕ ЕВРОПСКИ ДИРЕКТИВИ

20/06/2025

AA

По неодамнешното усвојување на новиот Закон за енергетика,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предводено од
министерката Сања Божиновска го забрзува темпото на реформи и веќе работи на
следниот пакет регулативи што ќе ја усогласат македонската правна рамка со
најновите европски директиви. Фокусот сега се става на деталните механизми – од
поттикнување на инвестициите во чисти извори, преку унапредување на
енергетската ефикасност, до модерно управување со минералните суровини.

Според извори од ресорното министерство, до крајот на
летото јавноста ќе биде запознаена со сет од четири нови закони: Закон за
користење на обновливи извори на енергија, Закон за енергетска ефикасност,
Закон за геологија и Закон за рударство. Со овој сет на закони се очекува да се
постават јасни правила за поттикнување зелени инвестиции, зголемување на
енергетската ефикасност и одржливо искористување на подземните богатства, при
што секој закон ќе носи прецизни насоки, рокови, права и обврски за сите чинители.

Целта на Законот за користење на обновливи извори на енергија (ОИЕ) е
намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и
зголемување на искорестеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и
ублажување на климатските промени. Покрај оваа клучна цел, останати цели на
Законот се:  развој
на претприемништвото и создавање нови работни места, 
 диверзификација
на производството на енергија и зголемување на уделот на ОИЕ,
 зголемување
на сигурноста во снабдувањето на крајните потрошувачи и 
долгорочно
намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенси. 
Со Законот за енергетска ефикасност се врши исполнување на обврските кои
произлегуваат од членство на Македонија во Европската енергетска заедница, односно
се усогласуваме со Пакетот на Европската унија за чиста енергија. Со овој Закон
ќе се воведе начелото „енергетската ефикасност на прво место“ со што ќе се даде
приоритет на мерките за енергетска ефикасност при енергетското планирање. 
Законот за енергетската ефикасност предвидува обврска за реконструкција на
најмалку 3 отсто од вкупната површина на зградите (во сопственост на органите на
централна власт) на годишно ниво, како и изработка на долгорочна Стратегија за
реконструкција на станбени згради до 2050 година, со цел трансформација на
постоечките згради во високо енергетски-ефикасни и декарбонизирани згради со
речиси нулта потрошувачка на енергија.

Покрај промени во законите од областа на енергетиката, Министерството
работи и на регулатива која се однесува на минералните суровини т.е. се планира
донесување на два закони (Закон за геологија и Закон за рударство) кои
претставуваат темелно, современо и институционално решение. Законите се
усогласени со најдобрите европски практики и воведуваат системски ред и
зајакната контрола во секторот, но и прецизно ги утврдуваат правата и обврските
на концесионерите, се поставуваат јасни правила на игра, а во фокусот е и одговорно
искористување и заштита на националното рударско богатство.

Со новите закони во областа на минералните суровини, министерството сака да
ги оставари следните цели: подобра заштита на животната средина, поддршка на
локалните заедници, поголема контрола и транспарентност, поголема економска
корист за државата, како и спречување на нелегална експлоатација. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од
Сања Божиновска, постои само една година, но веќе постигна исклучителни
резултати во воспоставување регулатива што со години недостасуваше.
Усвојувањето на новиот Закон за енергетика ги отвори вратите за целосно
либерализиран и европски усогласен енергетски пазар, а претстојниот пакет
закони ќе ја зацврсти реформската траекторија.

Со ваквата динамика Министерството под водство на Божиновска демонстрира
дека може брзо да донесе современи правила, да мобилизира инвестиции и да
обезбеди јасна правна сигурност за сите чинители во секторот – од големите
инвеститори и локалните власти, до граѓаните што сакаат да инсталираат фотоволтаични
панели на сопствениот покрив. Резултатот е поставување стабилни темели за
зелена, ефикасна и конкурентна енергетика – област што долги години чекореше во
место и сега конечно добива јасна насока и конкретни рокови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy