Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници и јасна дистинкција меѓу вистинскиот и жолтите синдикати
Македонија

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници и јасна дистинкција меѓу вистинскиот и жолтите синдикати

26/05/2025

AA

Даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите за работа со законската рамка и јасна дистинкција меѓу вистинскиот синдикат и жолтите синдикати, односно лоцирање на непријателите на синдикалната борба, бара Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Како што беше речено на денешната завршна конференција од проектот „Работнички права за независно новинарство“ што ССНМ го спроведува заедно со РЕСИС и со финансиска поддршка од ЕУ, околу половина од новинарите и 70 отсто од медиумските работници во земјава имаат примања под просечната месечна плата (37 065 денари за периодот мај-октомври 2023).

Проектот покажува дека притисоците врз вработените во медиумите и кршењето или непочитувањето на работничките права, остануваат горливи прашања за новинарите и медиумските работници во Македонија.

Според бројките, 2 100 лица се распоредени на 3 146 работни позиции. Од нив 1 694 се новинарски позиции, додека 1 452 се позиции на медиумски работници. Од вкупно 1 039 редовно вработени новинари 56 отсто се жени, а од вкупно 1 072 редовно вработени медиумски работници 70 проценти се мажи.

-Најверојатно сме единствената професија во која 2 400 вработени извршуваат над 3 000 работни позиции. Сакам да издвојам и една работа која не успеавме да ја реализираме, а е сериозна и важна, особено за локалните медиуми. Тоа е т.н. даночно ослободување за новинарството како професија од јавен интерес. Водејќи се од девизата дека новинарството во едно демократско општество треба да е јавно добро, сметаме и изработивме еден документ кој го презентиравме во неколку наврати на некои средби со надлежни институции, а тоа е даночно ослободување за придонесите за новинарите и медиумските работници. Особено го потенциравме проблемот со локалните медиуми и нивните финансиски проблеми и сметаме дека може да се најде некакво решение кај овие медиуми ваквата неселективна помош да биде и повисока, истакна претседателот на ССНМ Павле Беловски.

Тој потсети дека не може да има слободни медиуми, слободни новинари и новинари и медиумски работници со интегритет без нивна социо-економска обезбеденост.

-Без оваа компонента не е можно производство на професионални и етички издржани содржини кои го штитат јавниот интерес, што впрочем е и основната задача на новинарството, подвлече Беловски.

Тој се осврна и на локалните медиуми, како и на новинарите од локалните средини кои, како што истакна, се соочуваат со многу поголеми проблеми од оние кои работат во главниот град.

-Локалните медиуми, како и дописниците имаат далеку поголема важност од она што им се придава. Социјалните медиуми и технолошкиот развој навидум не ставија нас новинарите во одбранбена позиција, во некаква сенка. Но, токму сега е важно вистинското, професионалното новинарство кое знае да го препознае јавниот интерес и на граѓаните ќе им испорача важни, навремени и точни информации за да можат во едно демократско општество да носат информирани одлуки, рече Беловски.

Неда Чаловска, експертка за човекови права, се осврна на договорите за работа како основни документи за гарантирање на интегритетот и безбедноста на новинарите.
-Сегашните договори често не се усогласени со законската рамка. Работниците се без соодветна заштита, особено во приватните медиуми, а без работнички права нема професионално новинарство, потенцира Чаловска. 

Поранешната претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис ја презентираше Повелбата за професионални и работни права на новинарите и медиумските работници. 
На конференцијата беше истакнато и дека ССНМ за 2,5 години го зголеми членството за преку 70 проценти. Синдикатот ќе продолжи да работи на зацврстување на своите структури, како и на зголемување на видливоста и препознатливоста во медиумската сфера.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy