
ССМ продолжува со блокади: Утре на удар Стопанската комора и бизнис секторот
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре, 12.02.2026 година (четврток), започнува втората фаза од синдикалните активности за зголемување на работничките плати. Протестот ќе се фокусира на блокада на клучните бизнис институции во државата.
Од ССМ порачуваат дека овојпат на улица излегуваат точно 21 претставник — законскиот минимум потребен за организирање ваков вид активност. Со овој потег, Синдикатот сака да испрати порака дека нема да дозволат работниците да страдаат поради блокадите од страна на работодавачите, пратениците и Владата.
„Нема да дозволиме работниците да мрзнат на улица само за да ги блокираат оние кои со децении го блокираат работничкиот стандард“, велат од ССМ.
Синдикатот упати извинување до граѓаните за можниот застој во сообраќајот, но нагласи дека:
