Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССМ повика на блокада пред Собранието
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026

AA

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест и блокада пред Собранието на 10 февруари 2026 година (вторник) со почеток во 9 часот. Одлуката, како што информираат, е донесена на заедничка седница на Претседателството и Советот на ССМ, а протестот ќе се одржи на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во објава Фејсбук профилот вели дека пратениците со месеци молчат за нивниот предлог за зголемување на минималната плата и на останатите плати во земјава. Синдикатот бара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се покачат за најмалку 6.000 денари, односно за разликата меѓу сегашната и новата минимална плата.

Според Трендафилов, додека работничките барања се игнорираат, пратениците веќе добиле 79 проценти зголемување на платите, а можно е тие дополнително да пораснат за 12,6 проценти доколку Уставниот суд ја укине владината уредба од минатата година. Дополнително, како што наведуваат, платите би се зголемиле и за 9,2 проценти, колку што изнесува порастот на просечната плата за 2025 година според пресметките на гувернерот на Народната банка, што би значело вкупно зголемување од 21,8 проценти.

„Најмалку 250 евра повеќе за пратениците, а ни 25 евра за работниците е срамно“, порачуваат од ССМ, обвинувајќи дека функционерите уживаат привилегии како субвенционирано собраниско бифе и патни трошоци, права кои, според нив, им се ускратени на работниците во однос на трошоците за храна и превоз.

Од Синдикатот најавуваат дека преку блокадата ќе ги спречат пратениците да наплатат патни трошоци за тој ден и симболично ќе побараат тие да дојдат на работа пеш или со јавен превоз, како што тоа го прават работниците.

ССМ ги повикува пратениците итно да гласаат за зголемување на минималната и на останатите плати, но и за намалување на функционерските примања, согласно нивната иницијатива. Во спротивно, најавуваат собирање на 10.000 потписи за покренување иницијатива за намалување на платите на функционерите и зголемување на работничките плати.

„Ќе мора да изберат – дали ќе гласаат за себе, а против работниците, или ќе гласаат за работниците“, порача Трендафилов.

За време на протестот ќе биде овозможено непречено движење на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата. Од ССМ се извинуваат до граѓаните за евентуалните отежнувања во сообраќајот и најавуваат дека сите итни случаи ќе бидат пропуштани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy