Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССМ денеска ќе се изјасни за следните чекори во однос на минималната плата
Македонија

ССМ денеска ќе се изјасни за следните чекори во однос на минималната плата

28/03/2025

AA

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска треба да одлучи за следните чекори што ќе ги преземе по одлуката на Владата за зголемување на минималната плата. Во вторникот, Владата ја усвои информацијата за зголемување на минималната плата за 1.800 денари нето, согласно законските критериуми. Претседателството на синдикатот ќе одржи седница на која ќе се разгледаат понатамошните активности.

ССМ ја оспорува одлуката на Владата, тврдејќи дека не е донесена согласно Законот за минимална плата. Според член 4, став 5 од Законот, висината на минималната плата во бруто износ треба да ја објави министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од синдикатот нагласуваат дека седница на ЕСС не била одржана, што го доведува во прашање легитимитетот на одлуката.

За одржување на седница на ЕСС, прво мора да заседава Комисијата за репрезентативност, која треба да ја потврди репрезентативноста на ССМ, бидејќи истата истекла минатата година. Оваа седница се очекува да се одржи денеска, со учество на претставници од трите социјални партнери.

Од ССМ нагласуваат дека ова е првпат од 2012 година, кога е воведена минималната плата, Владата самостојно да донесе одлука, без консултација со сите социјални партнери.

„Првпат Владата сама си донесе одлука за минималната плата без учество на работниците. Нашето барање останува непроменето и не отстапуваме од него,“ изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Од Владата тврдат дека одлуката е донесена согласно Законот за минимална плата и дека износот е пресметан според утврдените критериуми.

„Имаме обврска да го почитуваме Законот за минимална плата, кој стапува во сила наредниот месец. Зголемувањето од 2.200 денари е законски определено и институциите имаат доволно време да го пресметаат,“ изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Минималната плата е одредена врз основа на податоци од Државниот завод за статистика, комбинирајќи 50% од просечната плата во претходната година и 50% од индексот на трошоците на живот.

ССМ бара минималната плата да се зголеми за 6.000 денари, имајќи го предвид растот на трошоците за живот. Предлагаат разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да биде субвенционирана од Владата во траење од една година.

Поддршка за ова барање изрази и Европската конфедерација на синдикати, чиј претставници на 14 март беа во Скопје. Тие посочија дека минималната плата во Македонија е најниска во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy