
Срушен рекордот на Јаја Туре: Палмер испиша историја во Премиер лигата
Фудбалерот на Челси постигна два гола од пенал со кои успеа да сруши и рекорд во Премиер лигата.
Имено, Палмер е во серија од 12 погодени пенали во низа со што го сруши рекордот на Коло Туре кој не погреши во 11 удари од белата точка во низа.
Сезонава Палмер зад своето име има 11 погодоци и шест асистенции со што е трет стрелец во Премиер лигата зад Салах и Халанд кои имаат по 13.