
Српското Собрание почна седница со едноминутно молчење за жртвите на пожарот во Кочани
Денеска во Собранието на Србија продолжи првата редовна пролетна седница, а седницата започна со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.
На крајот на седницата треба да биде објавена оставката на премиерот Милош Вучевиќ, но не се знае дали тоа ќе се случи денеска.
Седницата почна на 4 март, а пратениците донесоа неколку закони на 6 и 13 март.
Во Србија денска е Ден на жалост за загинатите во Кочани.