
СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Колкаво покачување вети Вучиќ?
Српските пензионери ќе добијат повисоки пензии. Претседателот Александар Вучиќ најави покачување.
Рече дека зголемувањето на пензиите нема да биде од 1 јануари в година, туку од 1 декември и верува дека ќе изнесува 11 отсто.
„Сакам да им порачам на нашите пензионери дека се чини оти владата ја прифати идејата за зголемување на пензиите од 1 декември, еден месец порано. Верувам дека ќе биде 11 отсто, а ќе има уште многу добри вести“, рече Вучиќ.
И македонските пензионери ќе добијат покачување оваа, но и следната година.