Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење
Економија

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

09/01/2025

AA

Најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ добил пресуда за оштета од 32,7 милиони евра која треба да му ја исплати Србија поради пристрасно апсење и судење пред 12 години.

Пресудата на меѓународната арбитража која ја казни Србија во спорот со сопственикот на Делта Холдинг открива дека за ваквиот исход придонел и српскиот претседател Александар Вучиќ,кој влијаел на ваквиот исход поради стекнување на лична популарност.

Оваа пресуда, до која „Радар“ имал пристап, открива дека Вучиќ влијаел на судовите,што на крајот ја чинело државата повеќе од 32,7 милиони евра.

„Трибуналот заклучува дека постојат докази кои укажуваат на постоење на несоодветно влијание извршено од државата врз судството“. Содржината на оваа пресуда, донесена на 10 март 2021 година, досега беше тајна за јавноста.

Патем, меѓународната арбитража беше иницирана од кипарската компанија Мера Инвестмент Фонд Лимитед против државата Србија на 28 септември 2016 година. Ова е само една на фирмите чии имоти биле блокирани во постапката против Мирослав Мишковиќ и неговиот син Марко. Тогаш беа блокирани и акциите на Хемслејд трејд лимитед, друга кипарска компанија во сопственост на Мирослав Мишковиќ и која имаше контролен удел во српската Делта и многу други компании на овој бизнисмен.

Во заклучокот на пресудата се прецизирани сумите на пари кои државата Србија е должна да ги плати. Кога се ќе се собере, таа изнесува над 32,7 милиони евра. Точка по точка се објаснува дека „арбитражниот трибунал констатира дека вкупната штета што ја претрпел тужителот изнесува 25.184.846 евра“. Потоа, за тој износ се определува камата „од 5.581.128,09 евра, пресметана од датумот на поднесување на барањата за поведување на арбитражната одлука, поточно 28 септември 2016 година, до денот на донесувањето на оваа одлука, 10 март 2021 година“. Со пресудата е наложено и рок од 180 дена или до 7 септември 2021 година за овие плаќања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41486
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините

15/02/2026

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy