
Српски сеизмолог: Oва е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија
Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека земјотресот во Романија бил плиток и не бил силен. Смета дека овој потрес не е главен.
„Според моето искуство, не само што не би рекла дека е главен, ова е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија“, изјави денеска Радовановиќ.
Во Романија имаше земјотрес од 5.2 степени, а потоа уште еден потрес од 3 степени. Земјотресот е со епицентар на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин на југозападот на земјата. Се стресе и Србија.
Се појави и снимка која покажува како луѓето во Романија го земаат детето и ја напуштаат куќата.