
Српски навивачи навредуваа свој играч и добија казна од УЕФА!
Навивачи на Чукарички на расна основа го навредуваа нивниот напаѓач, Ибрахим Ндиаје на мечот од Конференциската лига против Фиорентина.
Самиот играч престана да игра додека не се смират навивачите на Чукарички. Судијата застана на негова страна, ја зема топката во раце и не дозволи мечот да продолжи дека не престанат со навредите.
Сенегалскиот напаѓач веќе долго време е во Србија, таму пристигна во 2012 година, до 2017 играше за Напредак од Крушевац. Во Чукарички е од 2019 година.
