
СРПСКИ МЕДИУМИ НИ СЕ ИЗНАСМЕАЈА ЗА ЕЛКАТА НА ПЛОШТАД, А ЈА СПОМЕНАА И БИТОЛСКАТА: Еве што пишуваат

Една од најактуелните теми деновиве на социјалните мрежи е елката на плоштадот во центарот на Скопје. Иако завчера таа беше половично накитена, во текот на вчерашниот ден елката беше довршена.
Но тоа не беше доволно за српските медиуми, па, користејќи ги сите коментари за кривата и недоукрасена елка, редакцијата на Нова.рс. напиша статија за неа.
„Кога мислите дека сте во лоша форма, потсетете се на несреќната елка во центарот на Скопје
Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Елката во Скопје дефинитивно нема никакви амбиции, но брзо стана хит на интернет и е омилена меѓу туристите.
„Несреќната“ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ – накривена е и недовршена, се чини дека не е ни целосно накитена, а згора на тоа и искривена.

Како и кривата кула во Пиза, изјавија некои, па веднаш почнаа да се сликаат имитирајќиги фотографиите како со Кривата кула – изгледа дека паѓа, па ја држат …
И покрај тоа, токму таквата елка стана една од градските атракции, сите сакаат да се фотографираат со неа, а нејзината „друга половина“ ја нашле – во Битола.“, гласи текстот за скопската елка.

