
СРПСКИ ЧИПС СО ВКУС НА ПИПЕРКА СОДРЖИ КАНЦЕРОГЕНА СУПСТАНЦИЈА: Пратката е стопирана на хрватската граница
На хрватската граница, високо ниво на канцероген акриламид е
откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија, а ова е објавено и на веб-страницата на Европската
комисија.
Случајот е
пријавен од страна на Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска
и на Србија, стои на
веб-страницата на европскиот систем за брзо предупредување. Чипсот не влегол на
хрватскиот пазар, а безбедно бил уништен.
Што точно е акриламид
и како се создава?
Акриламид не може да се најде во свежата храна и главно се
формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при
ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка.
Најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок,
бисквити, крекери и кафе.
Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува
дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој
на рак кај сите возрасни групи.
Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува
дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој
на рак кај сите возрасни групи.
Ова соединение беше подетално истражено и пронајдено во
одредени видови храна во 2002 година во Шведска. Оттогаш јавноста е
предупредена за нејзините последици, а особено загрижува поврзаноста со некои
форми на рак. Акриламидот се претвора во телото во глицидамид, кој предизвикува
мутации и ја оштетува ДНК.
Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува
дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој
на рак кај сите возрасни групи.
