
СРПСКИ АДВОКАТ: Првиот пропуст го направил операторот во стрелиштето, кој дозволил малолетник да биде таму
Српскиот адвокат Роксиќ изразува сомнеж дека малолетникот само еден месец се подготвувал да го изврши ова кривично дело.
– Во психијатријата нема ментални болести, туку психички нарушувања. Во оваа насока, морам да ви кажам дека сум убеден дека подготовката што ја имал малолетниот сторител во однос на обуката за пукање, планирањето, траела повеќе од еден месец, како што напомена началникот на белградската полиција. Подготовките почнале кога тој влеголе во стрелиштето, кој и да му го обезбедил тоа. Првиот пропуст е операторот на стрелиштето кој дозволил малолетникот да биде таму. Момчето се убедило дека е доволно обучено да го употреби огненото оружје што вчера го злоупотребил – додаде Роскиќ.
Курир.рс
Фото: EPA

