
Српската полиција уапси момче од Ниш кое се заканувало на Инстаграм
Полицијата уапси малолетник во српскиот град Ниш кој се заканувал на Инстаграм, а кај него се пронајдени и реплики на пиштоли.
Се работи за 16-годишник, кој вчера и на 3.мај на одделенската група на Инстаграм објавил повеќе заканувачки пораки. Во станот каде што живее момчето, полицијата пронашла две реплики на пиштоли со црна боја со соодветни рамки и кутии. Тој е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Ниш поради сомнеж дека извршил кривично дело загрозување на сигурноста. Осомничениот малолетник е изведен пред надлежниот судија на Вишиот суд во Ниш кој му одреди притвор. Српската полиција уапси повеќе лица кои се заканувале или се исмевале со масакрот кој пред четири дена се случи во училиште во Белград.