Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРПСКА ЛИСТА ЗАДОВОЛНА ОД ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Велат ќе запре прогонот на Србите и ќе се формира Заедницата на српски општини
Регион

СРПСКА ЛИСТА ЗАДОВОЛНА ОД ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Велат ќе запре прогонот на Србите и ќе се формира Заедницата на српски општини

06/11/2024

AA

Партијата Српска листа е охрабрена од победата на Доналд Трамп во САД.  Убедени се дека ќе инсистира на формирање на Заедницата на српски општини.

Велат дека „српскиот народ секогаш бил со претседателот Трамп“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Партијата Српска листа верува дека со враќањето на Трамп на чело на САД ќе престане „систематскиот прогон на српскиот народ“ во Косово и дека ќе се инсистира на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.

„Српска листа во името на српскиот народ од Косово му честита на Доналд Трамп за неговата убедлива победа и неговиот избор на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави, убедена дека добрите односи и соработка меѓу САД и Србија, изградени во неговиот прв мандат, дополнително ќе се подобрува и зајакнува. Веруваме и очекуваме дека положбата и проблемите на српскиот народ на Косово ќе бидат во полн фокус, убедени дека администрацијата на претседателот Трамп нема да дозволи продолжување на систематскиот прогон на српскиот народ од вековните огништа во Косово, како и дека ќе инсистираат да се почитуваат основните човекови и политички права на српскиот народ, но и сите потпишани договори, особено оној што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини. Српскиот народ отсекогаш бил со претседателот Трамп, затоа е искрено охрабрен од оваа историска победа!“, се вели во соопштението на Српска листа. 

Српскиот политичар од северно Косово, Александар Арсенијевиќ претходно на платформата „Х“ објави фотографија од северот на Митровица со постер на Трамп, кој бил истакнат по веста за неговата победа.

Повеќето лидери му честитаа на Трамп, освен рускиот претседател Владимир Путин. 

За Русија, САД останува непријателка земја.  Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските медиуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy