
Српска листа: Бараме истрага за убиството на најмалку двајца Срби, кои беа ладнокрвно убиени иако се предадоа
Српска листа бара КФОР и ЕУЛЕКС итно да бидат распоредени на север и да се спречи понатамошна ескалација.
Најголемата српска партија на Косово, им изрази сочувство на семејствата на убиените Срби и на косовската полиција.
Во пукањето меѓу вооружената група и косовската полиција вчера загина полицаецот Африм Буњаку, а неколкумина беа ранети. Косовските власти соопштија дека во манастирот во Бањска се убиени четворица напаѓачи.
„Бараме истрага за убиството на најмалку двајца Срби, кои беа ладнокрвно убиени иако се предадоа. Ја прашуваме меѓународната заедница зошто ЕУЛЕКС не учествуваше во операцијата, туку само полицијата на косовскиот премиер Аљбин Курти?“, објави листата на Српска без да наведува докази во поткрепа на овие тврдења.
Во едно од возилата од вчерашниот напад во северно Косово се најдени документи на потпретседателот на Српска листа, Милан Радојичиќ.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија ги осуди координираните насилни напади врз косовската полиција во близина на манастирот Бањска. Бараат Србија и Косово да се вратат на дијалогот.

