Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средношколец тврди дека партијата на Вучиќ им дава по 40 до 60 евра за да обезбедат гласачи
Регион

Средношколец тврди дека партијата на Вучиќ им дава по 40 до 60 евра за да обезбедат гласачи

14/03/2023

AA

Средношколец од Нови Сад вели дека партијата на претседателот Александар Вучиќ нуди пари за да обезбедат гласачи. 

Тој во изјава за Н1 Србија тврди дека Српската напредна партија (СНС), на чие чело е  Вучиќ, на учениците им дава од 40 до 60 евра доколку обезбедат гласови. Тинејџерот објаснил како функционира тоа и рекол дека веќе еден месец во џеб му стојат три ливчиња со по 20 гласа.

„Ми ветија 40 евра по глас затоа што листот го добив од пријател, а него му ветиле 60 евра. Не сакав да собирам гласови… Немам време и не сакам да се занимавам со такви работи. Иако парите се добри, мислам дека не е во ред. Ова не е ништо ново и се случуваше и претходните години. За жал, се повторува“, изјавил средношколецот М.Д. за Н1.

Од партијата ги советувале прво да одат кај постарите затоа што„тие секако гласаат за СНС“. 

„Еден од моите пријатели доби 20 листа, тоа го прави веќе втора година. Лани доби пари, но некој не добива. Ако се согласиме на тоа, наша обврска е да ги однесеме овие луѓе со автомобил до гласачкото место, да чекаме да гласаат и да се увериме дека сигурно гласале. На крајот од гласањето да ги добиеме парите, но еве… Некој лани не ги доби парите“, вели М.Д.

Момчето рекло дека иако ќе биде полнолетно, на идните избори воопшто нема да гласа. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy