
Средношколец нападнат на паркинг во Тетово – го тепале и со дрвен предмет!
Седумнаесетгодишник од тетовска Мала Речица, вчера (17 мај) во 15 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути, на паркинг пред тетовско средно училиште физички бил нападнат од четири лица, ученици во друго средно училиште во Тетово, кои ги познавал.
Во нападот, според пријавеното, едниот од нив користел и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
