Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација
Регион

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

26/09/2024

AA

Премиерот на
Албанија, Еди Рама планира да создаде суверена држава за шиитскиот суфиски бекташиски ред во Тирана,
Албанија. Кога го објави
својот план,тој ја цитираше Марија Тереза,
велејќи дека „не секој може да биде голем, но може да прави мали работи со
голема љубов“, пишува Дојче Веле.

На Генералното собрание на ОН, Рама рече дека суверената
енклава ќе биде „нов центар на толеранција и мирен соживот“. Редот Бекташ има
свое седиште во Албанија од 1929 година. Албанската влада планира да претвори
27 хектари земјиште во источна Тирана во микродржава наречена Суверена држава
на редот Бекташи, која ќе има свои граници, пасоши и администрација.

Што е редот Бекташ?

За водачот на редот Бекташи, Едмонд Брахимај, кого неговите
следбеници го нарекуваат Баба Монди, ова е „вонредна иницијатива“ која ќе
навести нова ера на светска верска толеранција и промовирање на мирот.

– Бекташкиот ред, кој е познат по својата порака за мир,
толеранција и верска хармонија, ќе добие суверенитет како Ватикан, што ќе ни
овозможи автономно да управуваме од верска и административна гледна точка – се
вели во нивното соопштение.

Експертите и јавноста велат дека немале информации за
владиниот план, па за нив одлуката дошла ненадејно.

Дали создавањето
држава ќе ја наруши рамнотежата меѓу религиите?

Алберт Ракипи, претседател на Албанскиот институт за
меѓународни студии, тврди дека ова не е само прашање за кое одлучува владата.

Албанија долго време се смета за земја на верска хармонија и
толеранција. Џамиите и црквите често се во непосредна близина една до друга, а
меѓурелигиските бракови се добро прифатени во општеството. Според информациите
од 2023 година, околу 50 отсто од Албанија се муслимани, од кои десет отсто се
членови на редот Бекташ. Римокатолиците и православните го сочинуваат
мнозинството од остатокот од населението. Ракипи не смета дека тоа ќе се одрази
негативно на рамнотежата меѓу верските заедници во Албанија, бидејќи заедницата
на редот Бекташи историски служела како мост на единство и соработка меѓу
муслиманите и христијаните.

– Мислам дека тоа е добра иницијатива, особено за
промовирање на толеранција, култура на соработка и соживот, во контекст на
драматични настани како што е конфликтот на Блискиот Исток – изјави тој за
Дојче веле. Муслиманската заедница на Албанија соопшти дека ја смета
иницијативата за „опасен преседан за иднината на земјата“ и нагласи дека таа е
единствениот официјален претставник на исламот во земјата.

ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САМО 16 ВОЗАЧИ ФАТЕНИ НА ЦРВЕНО ВО ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА На

23/02/2026
Македонија

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со

23/02/2026
Македонија

МНР со апел до македонските државјани: Веднаш напуштете го Мексико!

23/02/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово,

23/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ Е „ЦРНАТА КУТИЈА НА ДУИ“ Kој ќе оди

23/02/2026
Македонија

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски, на

23/02/2026
Македонија

СОНЧЕВА НЕДЕЛА ПРЕД НАС: Пролетта подрани, температурите до 15 степени

23/02/2026
Македонија

„СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕБЕЗБЕДНО“: Груби сместен во ќелија со 24-часовно обезбедување

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САМО 16 ВОЗАЧИ ФАТЕНИ НА ЦРВЕНО ВО ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА На автопатите се вози и со

23/02/2026

Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на Коридорите каде се поставени камери,

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

23/02/2026

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес коференција истакна дека правдата го добива своето место. „По година и пол

МНР со апел до македонските државјани: Веднаш напуштете го Мексико!

23/02/2026

Македонското Министерство за надворешни работи и трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Мексико, веднаш да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy