Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРЕДЕ ОСИЕК СУДАР НА ДВА ГРАДСКИ АВТОБУСИ – 20 ЛУЃЕ ЗАВРШИЈА В БОЛНИЦА: Никој не е во животна опасност
Регион

СРЕДЕ ОСИЕК СУДАР НА ДВА ГРАДСКИ АВТОБУСИ – 20 ЛУЃЕ ЗАВРШИЈА В БОЛНИЦА: Никој не е во животна опасност

24/03/2025

AA

Дваесет лица се
повредени во судир на два градски автобуси што се случи утринава на
раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните
информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на
Осиек.

Градоначалникот Иван
Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот
кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек бил запрен на семафор
со десет патници кога во него удрил друг автобус на ГПП со 20 патници.

Според податоците
на Дирекцијата на КБЦ Осиек, во болница се примени 20 повредени лица, а засега
ниту едно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување
на причините за несреќата, посочи градоначалникот.

Автобусот поминал на технички преглед

Тој додаде дека
автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички
преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен
технички преглед, кој не констатирал недостатоци.

Градоначалникот
Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек
потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинска помош е во тек, а според
првичните информации ниту една од повредите не е опасна по живот.

Од полициската
управа Осиек-Барања известија дека дојава за несреќата добиле во 06:39 часот.
Полициски екипи се на терен и повеќе информации за тоа како дошло до несреќата
ќе бидат објавени по завршување на истрагата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy