Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Остин – Петровска во Пентагон – потпишан 10 годишен патоказ за соработка во одбраната
Македонија

Средба Остин – Петровска во Пентагон – потпишан 10 годишен патоказ за соработка во одбраната

13/06/2023

AA

Дополнително зацврстување на одбранбените односи меѓу двете земји. Ова е договорено на средбата помеѓу министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана Лојд Остин. Во Пентагон Петровска беше дочекана со највисоки воени почести. Двајцата потпишаа и 10 годишен патоказ за соработка во одбраната, кој ги поставува целите на двете земји да работат заедно на решавање на заедничките одбранбени предизвици. Министерката Славјанка Петровска во Вашингтон зборуваше за ТВ21 и средбата 28-миот секретар за одбрана на Соединетите држави и првиот Афроамериканец кој служел на оваа функција.

„Патоказот е документ со кој ги даваме насоките за тоа како во периодот од оваа година па во наредните 10 години ќе го трасираме развојот и соработката во делот на одбраната. И како она што досега навистина успешно го правиме да го надоградиме и да створиме уште поголеми заеднички резултати“, вели Славјанка Петровска.

На средбата се разговарало и за Војната во Украина како и за интересите и вредностите на Европа, за која Остин вели дека е слободна, цела и во мир. Тој искажува пофалби за Македонија поради придонесот во НАТО Алијансата акцентирајќи ги „силните билатерални одбранбени односи на САД и Македонија“. Министерката Петровска уште една ја потенцираше гордоста што Македонија го поддржа украинскиот народ во време кога помошта е најпотребна.

„Располагавме и располагаме со опрема која согласно нашите стандарди и согласно НАТО стандардите не ни е потребна, односно е предмет на замена или набавка на нова. Процесот на модернизација кој што започна во 2017 година и уште повеќе се интензивираше ни овозможува да бидеме донатори, и да даваме опрема која на нам не ни е потребна, а се разбира на нашите украински пријатели и те како им е потреба и сами тие ја бараат. Кога дововолно инвестирате во одбраната и тоа го правите плански и навремено, може да донесете одлуки за донирање и тука нема да има повторно ќе го нагласам потреба од стравување дека ја намалуваме борбената готовност на македонската армија, напротив со модернизацијата и со процесите кои се во тек само ја зајакнуваме или ја држиме на соодветното ниво“, додава Славјанка Петровска.

Администрацијата на Бајден продолжува да ја поддржува Украина, а до сега обезбедени се речиси 40 милијарди долари безбедноста помош. Македонија и САД продолжуваат да ги јакнат заедничките одбранбени приоритети, а токму тоа ќе биде тема и на самиот на НАТО во Вилнус, Литванија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy