Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на претседателот Африм Гаши со хрватскиот колега Гордан Јандроковиќ
Македонија

Средба на претседателот Африм Гаши со хрватскиот колега Гордан Јандроковиќ

06/03/2025

AA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести, двајцата претседатели остварија куса тет-а-тет средба, по што што следеше официјалната средба, на која присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, претседателката на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, пратеникот Ријад Шаќири и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Претседателот Гаши посакакувајќи му топло добредојде на својот колега Јандроковиќ, истакна дека посетата е показател на пријaтелските односи меѓу двете држави, кои се сега и сојузници во НАТО, а упати и благодарност за континураната и силна поддршка што Република Хрватска ја дава на европската перспектива на нашата земја.

Претседателот на Хрватскиот Сабор се осврна на пријателскте односи и на успешната соработка во многу полиња од заеднички интерес, нагласувајќи дека секогаш има простор за унапредување на економската соработка и на трговската размена.

Тој ја повтори цврстата подршка за нашата евроинтеграција, потсети дека за време на првото претстедавање на Хрватска со Европската Унија беше донесена одлука за отворање на преговорите со нашата држава и изрази надеж дека во скоро време тие ќе започнат и по кластери.

На средбата беа споделени искуства за патот на Хрватска кон Европската Унија, а беа разменети и мислења за актуелните случувања на меѓународната сцена.

Двајцата соговорници изразија надеж дека оваа посета ќе придонесе за поголема динамика и ќе поттикне и други форми на парламентарна соработка.

На крајот, претстедателот Јандроковиќ му упати покана на претстедателот Гаши да ја посети Република Хрватска, која тој со задовоство ја прифати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy