Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на претседателот Џафери со О`Брајан
Македонија

Средба на претседателот Џафери со О`Брајан

22/01/2024

AA

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џемс О` Брајан, кој е во посета на Република Северна Македонија по повод состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ што се одржува во Скопје, во придружба на амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер, помошник администраторот за Европа и Евроазија во УСАИД, Н.Е. Ерин Е. Мекки и шефот на политичката и економска секција во Амбасадата на САД во Скопје, Дејвид Мејерс, остварија средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Претседателот му посака на гостинот и на другите присутни топло добредојде во законодавниот дом и се заблагодари за негувањето на посветениот однос кон нашата земја во рамките на билатералното партнерство, како сојузник во НАТО и како значаен контрибутор во регионалните иницијативи.

Тој истакна дека, стратешкото партнерство меѓу двете земји се заснова на заеднички вредности и интереси, а Северна Македонија е посветена на тесна соработка со САД за низа прашања, вклучувајќи безбедност, економски развој и демократско владеење. Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави е камен-темелник на односите меѓу двете земји, бидејќи двете држави работат заедно на низа прашања, вклучувајќи ја безбедноста, економскиот развој и културната размена. Потврди дека и натаму остануваме посветени да продолжиме да работиме заедно за промовирање на демократијата, доброто владеење, борбата против корупцијата, човековите права и безбедноста во нашите земји, регионот и во светот. Особен аспект на заедничкото партнерство е остварувањето на преостанатата наша стратешка цел-членството во Европската Унија, за што, покрај преземените реформски чекори и имплементирањето на постигнатото од скрининг процесот, многу ни значи и поддршката од меѓународните пријатели.

Претседателот Џафери го информираше соговорникот за постигнатите придобивки во парламентарното работење и обезбедувањето на буџетската самостојност на Собранието, на посебниот статус на собраниската Служба, донесувањето на новиот Деловник во рамки на процесот “Жан Моне Дијалог”, а го запозна и со тековната агенда во Собранието во пресрет на изборот на техничката Влада и другите активности во однос на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Помошник државниот секретарот О`Брајан, упати честитки до претседателот Џафери за сето тоа што е постигнато во Собранието и за севкупните политички процеси кои резултираа со полноправното членство на земјава во НАТО и за новата фаза на напреднати и партнерски процеси со Европската Унија.

Воедно, ја истакна спремноста на американската Влада да пружи натамошна поддршка на земјата на планот на интеграцијата во ЕУ, како и во рамките на Планот за раст, иницијативата на ЕУ за раст на регионот на Западен Балкан. Потврди дека САД се секогаш подготвени да помогнат на земјите и политичките лидери кои имаат визија да направат добро за земјата и за своите граѓани и кои посветено работат во таа насока. Планот за раст предвидува секоја земја од Западен Балкан да спроведува реформи и со тоа да влезе на единствениот пазар на Унијата.

Идентификувани се два проекти со динамика на реализација во наредните месеци, за што О`Брајан изрази очекување дека Џафери, како иден технички премиер ќе даде поддршка за истите да можат непречено да се реализираат. Тоа се проектот за намалување на трошоците при трансфер на финансиски средства и проектот за олеснување на трансферот на карго-сообраќајот. Тоа ќе биде голем стимул за бизнисот и прекуграничните инвестиции, а следствено ќе доведе до значително подобрување на севкупната економска состојба во земјата.

Соговорниците споделија очекувања дека во Република Северна Македонија, по изборите ќе продолжат започнатите активности кон финализирање на односите со ЕУ и ќе се покаже спремност и визија сите политички фактори во земјата да придонесат во светлата иднина на граѓаните на оваа земја, на сегашните и идните генерации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy