Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос
Македонија

Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос

13/04/2025

AA

На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.

На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтегративниот процес. Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ.

На средбата стана збор и за трагедијата што неодамна се случи во Кочани, при што министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што Европската унија ја покажа – како преку директната помош од земјите членки, така и преку брзото активирање на Европскиот механизам за одговор на кризи.

Во рамки на работната посета на Луксембург, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, г-ѓа Каја Калас, министерот Муцунски вечерва ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy