Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз
Економија

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

29/11/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и
минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба
со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е.
Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната
соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на
обновливите извори на енергија и зелената енергија. Двајцата соговорници ја
истакнаа важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во
контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите
на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Кралството
Шпанија ѝ ја дава на Северна Македонија, како во рамките на Европската Унија,
така и преку различни билатерални иницијативи. Амбасадорот Сориано Ортиз ја
потврди подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа
соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

„Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски
односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена
соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет,“ истакна
министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на
зајакнување на своето партнерство во различни области.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026

Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на возилата треба да се чека

21/02/2026

Од 1 до 18 февруари полицијата одзела вкупно 96 автомобили од возачи што возеле без возачка дозвола или имале забрани

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy