Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на членовите на Комисијата за одбрана со слушателите на Сениорскиот курс на НАТО од Одбранбениот колеџ во Рим
Македонија

Средба на членовите на Комисијата за одбрана со слушателите на Сениорскиот курс на НАТО од Одбранбениот колеџ во Рим

11/12/2023

AA

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија денеска остварија средба со слушателите со чин потполковник/полковник на Сениорскиот курс на НАТО Одбранбениот колеџ во Рим, Република Италија.

Целта на студиската посета е слушателите на Сениорскиот курс на НАТО да добијат целосна безбедносно – одбранбена слика за нашата држава, преку обезбедување информации за одбранбената политика и структурата на безбедносните сили низ средби со релевантни авторитети, преку презентации и сесии, дополнети со прашања и одговори.

Поздравно обраќање имаше претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истакна дека НАТО е единствениот стабилен одбранбен сојуз кој ги обединува земјите низ целиот свет и кој опстојува речиси 75 години.

Во сите овие децении, рече Џафери, Алијансата покажа дека конзистентноста на сојузништвото меѓу земјите-членки, земјите аспиранти и земјите партнери, е секогаш поставена на највисоко место. Градењето на стабилен, отпорен на безбедносни предизвици и мирен геополитички простор е императив на НАТО, а улогата на сојузниците во тоа, каде делуваат „сите за еден”, е најскапоцената придобивка од Северно-атлантската повелба.

Џафери нагласи и дека Собранието на Република Северна Македонија, како претставнички орган на граѓаните, рамноправно со другите сојузнички парламенти учествува во парламентарната димензија на НАТО, односно Парламентарното собрание.

Во знак на благодарност за неговиот придонес при зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, на претседателот Џафери му беше врачен амблем на Одбранбениот колеџ на НАТО, за кој беше посочено дека ги симболизира основните вредности за кои се залага Алијансата – лични слободи, човечност, правда, демократија…

На настанот се обрати и Миле Талески, претседател на Комисијата за одбрана и за безбедност, кој зборуваше за структурата и за надлежностите на ова работно тело на Собранието на РСМ. Талески притоа истакна дека, и покрај различната политичка провиниенција на пратениците што членови на Комисијата, ова работно тело главно ги носи со консензус одлуките поврзани со членството на земјата во НАТО, а пред се одлуките за испраќање припадници на армијата во мисиите на Алијансата.

Талески посочи и дека во последните години зајакнува надзорната улога на Парламентот врз работатат на безбедносните служби, како и дека е при крај проектот за заштитена соба во Собранието.

На прашања од слушателите на Сениорскиот клуб на НАТО, во врска со предизвиците од безбедносен аспект за Северна Македонија и регионот, Талески посочи дека во последните години е значително подобрено безбедносното опкружување на земјава, за што придонесува и членството во НАТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy