
Средба Муцунски – Сијарто: Унгарија како Претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон. На средбата, министрите го потврдија задоволството од развојот на одличната билатерална соработка, при што беше поздравен јубилејот – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Воедно, беа истакнати заемните заложби […]

