Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Ковачевски – Клингбел: Силна поддршка од германската СДП за СДСМ и проевропска Влада
Македонија

Средба Ковачевски – Клингбел: Силна поддршка од германската СДП за СДСМ и проевропска Влада

09/02/2024

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, попладнево во Скопје се сретна со претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбел.

На состанокот е изразена силна поддршка за СДСМ на претстојните избори и очекување дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ја формира новата проевропска Влада, којашто ќе осигура полноправно членство на земјава во ЕУ, во следните неколку години.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања од значење за нашата држава и за регионот и пошироко.

Констатирано е дека во досегашниот 6-годишен мандат на македонската проевропска Влада, се обновија слободата и демократијата и државата се постави на јасен евроатлантски колосек. Со социјалдемократските и проевропски политики, во исклучително специфичниот геополитички контест, како што е оценето, се постигна заштита на стандардот, дури и највисоки досега плати и пензии и одржливост на економијата. Од друга страна, со кохезивните и мултиетничките капацитети и политиките на дијалог, се овозможи стабилност на Владата, а со тоа и стабилност во државата и придонес во регионалната и во европската стабилност и безбедност.

Во таа насока се процени дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има коалициски капацитети како ниедна друга партија во земјава, со што може да обезбеди и по изборите, формирање стабилна Влада со проевропска ориентација, којашто ќе сработи за конечна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, во динамичен процес, до 2030 година.

Заеднички е оценето дека радикалните националистички наративи на ваквите партии се сериозна закана за натамошниот развој на државата, со таква рефлексија на стратешките партнерства со меѓународните пријатели, но и по државната стабилност и безбедност.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, заедно со заменик претседателката Сања Лукаревска и генералниот секретар, Миле Зечевиќ Вардарски, имаше средба со претседателот на германската СДП, Клингбел, во пресрет на вечерашната Панел-дискусија во Скопје, во организација на германската фондација Фридрих Еберт. На панелот на тема: „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ ќе присуствуваат и говорат социјалдемократски лидери на партии од регионот, меѓу кои и секако, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шилегов: Ова што се случува во судницата е лакардија, обвинителството

25/02/2026
Македонија

НЕ Е ВО РЕД МИНИСТЕРОТ ДА ПРОЗИВА ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ

25/02/2026
Македонија

Алиу: Заедничка цел на институциите е унапредување на правото на

25/02/2026
Македонија

Наунов пред судот: „Не бараме одмазда, туку правда за децата

25/02/2026
Македонија

ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК? Реакција

25/02/2026
Македонија

Прв пат откако функционира „Сејф сити“ ниту еден возач не

25/02/2026
Македонија

Доаѓа албанскиот претседател Бегај, ќе има посебен режим на сообраќај

25/02/2026
Македонија

Јавните обвинители се жалат: Одредени политичари имаат неодговорни изјави со

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41916
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шилегов: Ова што се случува во судницата е лакардија, обвинителството мора да прекине со изложување

25/02/2026

Адвокатот Петре Шилегов, кој е вклучен во правниот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“, упати остри критики до судот и

НЕ Е ВО РЕД МИНИСТЕРОТ ДА ПРОЗИВА ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ Советот на јавни обвинители не

25/02/2026

Во судскиот систем постои хиерархија и за овој случај има виш јавен обвинител, кој ги следи конкретните предмети, а потоа

Алиу: Заедничка цел на институциите е унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост

25/02/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy