
Средба Давкова-Агелер, за што се разговарало?
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова преку објава на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) информираше за средбата со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, остварена во пресрет на крајот на годината.
Во фокусот на разговорите биле предизвиците со кои се соочила државата во годината што изминува, а средбата била оценета како конструктивна и инспиративна.
Претседателката во својата објава ја истакна заедничката волја за продлабочување на односите.
Оваа порака уште еднаш ја потврдува стратешката соработка меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како клучни партнери.
