Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, Турција
Економија

Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, Турција

10/10/2024

AA

На маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија, организирана од америкаснкиот Атлантски
совет, денес, во Истанбул,
министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија, Сања
Божиновска, оствари средба со Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На средбата, министерката Божиновска и помошник државниот
секретар Пјат разговараа за гасните интерконектори со Грција и Србија како
клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата
држава и регионот.

Овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на
изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјата.

“Гасните
конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија.
Тие не само што ќе ја зголемат нашата
сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на
пазарот”, истакна министерката Божиновска.

Исто така, на
средбата беше дискутирано и за стратешката соработка со САД во областа на
енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската
поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија
за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот
на борбата со корупцијата во доментот на енергетиката.

“Нашата
соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во
енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе
придонесат за развојот на регионот”,
додаде таа.

На крајот, министерката Божиновска и помошник државниот секретар
Пјат разговараа за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја
потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа
на енергетиката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy