Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини
Македонија

Средба Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини

12/12/2023

AA

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.

Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Северна Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.

Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.

Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.

„Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Северна Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.

Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Меџити го нарече Таравари „министер за канабис“, Таравари најави тужба

12/02/2026
Македонија

АДВОКАТИ НА ЗАЕВ ГИ УБЕДУВАЛЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА УКИНУВААТ ПРИТВОРИ Манасиевски

12/02/2026
Македонија

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026
Македонија

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на

12/02/2026
Македонија

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026
Македонија

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација,

12/02/2026
Македонија

За викенд не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи

12/02/2026
Македонија

Бислимоски поднесе оставка од РКЕ 

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41371
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Меџити го нарече Таравари „министер за канабис“, Таравари најави тужба за клевета!

12/02/2026

Политичката дебата околу производството на канабис во земјава е повторно во центарот на вниманието, откако градоначалникот на Општина Чаир, Изет

АДВОКАТИ НА ЗАЕВ ГИ УБЕДУВАЛЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА УКИНУВААТ ПРИТВОРИ Манасиевски тврди дека СЈО функционирало како

12/02/2026

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка.

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одржа протест пред Стопанската комора, истакнувајќи дека понудата за зголемување на платите сè уште

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy