Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Бесими-Агелер: РС Македонија да продолжи по патот за полноправно членство во ЕУ, поддршка од САД за реформите на тој пат
Македонија

Средба Бесими-Агелер: РС Македонија да продолжи по патот за полноправно членство во ЕУ, поддршка од САД за реформите на тој пат

21/09/2023

AA

Министерот за финансии Фатмир Бесими се сретна со амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. На средбата стана збор за актуелните политикички и економски случувања во земјата, како и за напорите што се вложуваат за имплементација на реформите во управувањето со јавните финасии, како и за борбата со корупцијата.

„РС Македонија се наоѓа во значајна фаза да ја покаже зрелоста и да продолжи по патот за полноправно членство во ЕУ. Преговорите со ЕУ се отворени и треба да ја искористиме секоја можност тој пат да го изодиме чекор по чекор што поскоро, зашто бенефитите од членството во ЕУ се многубројни и за државата и за граѓаните. Во остварување на оваа наша цел значајна поддршка имаме од нашиот долгогодишен партнер и поддржувач САД, особено преку поддршката што ја даваат во реформите што ги спроведуваме“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека во Владата и во Министерството за финансии посветено се работи на обезбедување фискална одржливост, стабилни јавните финансии и долгорочен раст и дека се преземаат повеќе чекори за тоа да се реализира.

Подвлече и истовремено се заблагодари на САД за безрезервната поддршка што ја дава на земјава во нејзинот развој и особено за поддршката од Трезорот на САД чии експерти се веќе во Министерството за финансии со цел зајакнување на капацитетите на секторот Трезор.

Континуирано работиме на јакнење на сопствените капацитети со цел да придонесеме кон унапредување во упраувањето на јавните финансии. Минатата година за таа цел го донесовме и новиот Закон за буџети кој претставува најголема реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата и кој поставува правила кои се согласно европските стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy