Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Дрекслер: Народната банка има високо ниво на усогласеност со европската регулатива
Економија

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Дрекслер: Народната банка има високо ниво на усогласеност со европската регулатива

21/10/2023

AA

Народната банка е посветена на усогласувањето на домашната
регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на
Европската Унија, при што од големо значење е соработката со институциите од
Сојузна Република Германија. Во изминатите години се остварува плодна соработка
на нашата централна банка со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк),
преку која се обезбедува поддршка за зајакнување на институционалните
капацитети преку унапредување на аналитичките алатки и политиките и преку
пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во националните
практики. Според годишниот извештај на Европската комисија, Народната банка има
високо ниво на усогласеност во областа на монетарната политика со европската
регулатива, како и во доменот на банкарскиот систем. Но, европската регулатива
постојано се унапредува и оттаму неопходно е да се држи чекор со овие
регулаторни новини. На овие теми, меѓу другото, беше разговарано на
средбата одржана помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите
на Народната банка, и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра
Дрекслер.

Европските перспективи се од големо стратегиско значење за
Народната банка. Оттука, Народната банка е активно ангажирана во изработката и
спроведувањето на редовните економски реформски програми и други стратегиски
документи за интеграција во ЕУ. Истовремено, Народната банка постојано работи
на навремено воведување на европските стандарди во доменот на финансискиот
систем. Ова е препознаено од релевантните европски институции. Според нивните
оцени, Народната банка има високо ниво на усогласеност во подрачјата што се во
нејзина надлежност, особено во доменот на банкарскиот систем. Така, Европската
комисија во 2021 година утврди дека воспоставената супервизорска и регулативна
рамка за основањето и работењето на банките е во согласност со стандардите
пропишани во Европската Унија. Слична е и оцената на Комитетот на експерти на
Советот на Европа за спречување перење пари и финансирање тероризам
(„Манивал“), со која е потврдено дека системот за лиценцирање и супервизија на
Народната банка ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето
пари и финансирањето на тероризмот. Во сферата на платежните услуги, со новиот
Закон за платежни услуги и платни системи се транспонираат голем број директиви
и регулативи на Европската Унија со кои се создаваат услови за проширувањето на
листата на даватели на платежни услуги и на сетот платежни услуги. Народната
банка презеде бројни активности за создавање предуслови за спроведување на
новиот закон, чијашто примена започна од почетокот на 2023 година.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ посака успех на
амбасадорката Дрекслер во нејзиниот мандат, како и продолжување и надградување
на веќе традиционално добрата соработка помеѓу двете земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy