Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија
Македонија

Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

15/02/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Н.Е. Нивес Тигањ.

На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион.

Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјава. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Северна Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија.

Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Северна Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес.

Северна Македонија и Хрватска имаат воспоставено дипломатски односи пред повеќе од 30 години. Во овој период, билатералните односи се унапредени, а во следниот период двете земји ќе бидат посветени на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да

27/01/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од

27/01/2026
Македонија

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на

26/01/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа

26/01/2026
Македонија

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени

26/01/2026
Македонија

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН

26/01/2026
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40654
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да се надмине, а не да

27/01/2026

Здружението Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на СДСМ, на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од угостителски објект до лозја и

27/01/2026

Обвинител од Јавното обвинителство Гевгелија предложи мерка притвор за четири лица oд Валандовско кои се осомничени дека тргувале со марихуана

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на ЕУ го поздравиле Акцискиот план

26/01/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy