
Сред бел ден чопор лисици ловат низ Козле!
Глутница мали лисици е забележана како шета низ улиците на скопската населба Козле, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.
Како што може да се види на фотографијата, животните, очигледно во потрага по храна, се движат слободно меѓу улиците.
Според сведоштвата, ова не е првпат да се појават диви животни во оваа урбана средина, но овој пат станува збор за цела глутница, што ја зголемува загриженоста. Жителите велат дека се плашат за безбедноста на своите деца, но и домашните миленичиња.