
СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите
Македонија e со најниска просечна плата од 685 евра во регионот.
Најновите податоци од Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата во октомври 2024 година изнесува 42.134 денари (685 евра), а во Србија за истиот месец просечната плата е 98.538 динари (842 евра). Српските работници земаат по 157 евра повеќе. Во Босна и Херцеговина(БиХ) просечната плата изнесува 720 евра, во Црна Гора 944 евра, во Хрватска 1.340 евра, а во Словенија 1.514 евра. Споредбата со други европски земји покажуваа уште поголем јаз во платите.
foto freepik.com/claudiodiv
