
Србите се бесни: Медитеранските игри 2030 година ќе се одржат во – Приштина!
Ваквата одлука е донесена и покрај силното противење на Србија, која смета дека се прекршени сите правила и постулати на меѓународните спортски организации кои промовираат немешање на политиката и спортот. Србите инсистираа одлуката за домаќин на МИ 2030 да се донесе по ЛОИ во 2024 година, што е практика, но ова нивно барање беше одбиено. Приштина беше единствен кандидат за организатор, откако конкурентите се откажаа, но и покрај тоа одлуката била донесена со осум гласа против.
Следните Медитерански игри во 2026 година, пак, ќе се одржат во Таранто, Италија.
