
СРБИТЕ БАРААТ СЕЗОНЦИ: Дневницата изнесува и над 50 евра
Сезонците во Србија за еден ден можaт да заработат и над 50 евра.
Србите бараат берачи на вишни, цреши, малини, капини, јаболки, сливи, грозје.
Дневницата на сезонските градинари и овоштари во Србија летово е до 6.000 динари (околу 50 евра) плус храна, пијалоци, превоз или сместување доколку на работникот му треба.
Повеќето од газдите плаќаат дневница, но има и такви кои работат по час или по учинок. Иако заработката на сезонските работници се зголемува од година во година, луѓе за работа нема.
Фармерот Апостол Апостоловиќ од околината на Трстеник објаснува дека секоја година голем проблем со сезонските вработувања е што нема кој да работи.
И македонските земјоделци го имаат истиот проблем, не можат да најдат сезонци.
foto freepik.com