
Србинот Гудељ кој пет минути беше мртов, ќе се врати на фудбалот како Ериксен
Кордоба објави дека Гудељ ќе продолжи да игра фудбал откако ќе му биде вграден кардиовертер-дефибрилатор, електронски уред сличен на електростимулатор кој се вргарува крај срцето. Вакво нешто има Ериксен, фудбалерот на Манчестер јунајтед, после срцевиот удар кој на стартот на Еуро 2020 го доживеа, но после шест месеци се врати на фудбалот.
Гудељ се онесвести после десет минути од мечот Кордоба – Расинг, по што брзата реакција на лекарите и масажата на срцето и употребата на дефибрилатор го вратија во живот, но откако беше однесен во болница, лекарските прегледи не покажале никакви проблеми со срцето.

