
Србин во Швајцарија украл слики од Пикасо и ги продал на пазар за 150 евра
Србин во Швајцарија украл две слики од познатиот сликар Пабло Пикасо и на пазар ги продал за 150 евра.
Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тој рекол дека ги продал на пазар за 150 евра.
Двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја претресле куќата и украле две оригинални слики од Пикасо. Украдениот плен е вреден вкупно 75.000 франци.
„Лажни беа, ги продадов за 150 евра на пазар“, рекол разбојникот на суд, пренесува српска Република.
На судењето тој се расплакал. Ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Рекол и дека не сака ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи. Освен казната затвор, тој мора да ја напушти Швајцарија на десет години.