
Србин поминал 7 километри пеш да го пријави насилниот син во полиција и починал пред станицата
Српски граѓанин во полиција го пријавил синот за семејно насилство, излегол и починал.
Маж на возраст од 74 години од Липовица починал синоќа пред полициската станица во Печењевац кај Лесковац. Очевидци велат дека човекот дошол да го пријави својот син кој наводно со мачета го бркал по дворот во семејната куќа во неговото родно село, пренесува Курир. Откако полициските службеници во блискиот Печењевац му зеле изјава, мажот ја напуштил станицата, колабирал, а лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт. Човекот пеш одел 7 километри за да стигне во полициската станица да го пријави насилниот син. И во регионот годинава имаше бран насилства, масакри и повеќекратни убиства.
фото МИА

