
СРБИ, РУСИ, ГЕРМАНЦИ: Кој поседува јахти во Црна Гора?
Државјани на многу странски земји поседуваат јахти во Црна Гора. Србите и Русите се најбројни. За да ги одржуваат јахтите плаќаат високи суми.
Јахти во Црна Гора имаат и државјани на Босна и Херцеговина, САД, Швајцарија, Франција, Германија, Хрватска и Казахстан. Сите јахти подолги од седум метри кои пловат под црногорско знаме се запишани во регистар.
Под црногорско знаме пловат 363 јахти, од кои 42 им припаѓаат на црногорски државјани. Граѓаните на Русија регистрирале 109 јахти во Црна Гора, а 99 на Србија. Граѓаните на Украина регистрирале 16 јахти во Црна Гора.
За регистрација на јахта во регистарот на Управата за поморска безбедност се плаќа такса од 30 евра по линеарен метар за јахти на мотор, или 20 евра по линеарен метар за едрилици. Данокот за користење на пловни објекти, веќе е многу поголема ставка за сопствениците на јахти. За пловен објект подолг од 20 метри, на пример, по овој основ потребно е да се издвојат 3.000 евра. Многу скапи се и таксите за пристаништа, осигурување, подигање на јахтата и слично. Претходно, беше објавено дека украинскиот олихарх Виктор Медведчук, поседувал јахта во Трогир која е запленета и парите од неа ќе одат за обнова на Украина. Лани во април, украинските сили го заробија додека војувал во Украина.

