
Србија се откажа од плановите за издавање пасоши на Руси?
„Фајненшел тајмс” пишува дека Белград се откажа од државјанствата за Руси по заканите од Европската Унија (ЕУ).
Медиумот пишува дека Србија се откажа од плановите за издавање пасоши на Руси и на други странски државјани кои живеат во земјата повеќе една година откако ЕУ предупреди дека може да ѝ го укине безвизниот режим, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Во моментов, странците мора да живеат во државата најмалку пет години пред да имаат право да побараат државјанство. Но, во нацрт-законот што српската владата го претстави во април беше прецизирано дека за издавање српски пасош на странски државјани кои работат во локални фирми или се самовработени ќе биде доволна една година привремен престој.
„Ако некое државјанство доделено според шемите за државјанство на инвеститори претставува зголемен ризик за внатрешната безбедност и за јавната политика на земјите-членки на ЕУ, бесплатниот визен режим со Србија може да биде суспендиран“, се вели во соопштението на ЕК испратено до „ Фајненшл тајмс“.
Во текот на минатата година година, Брисел неуспешно се обиде да изврши притисок врз Белград да воведе санкции кон Русија, да ги забрани директните летови од земјата до Руската Федерација и да им дава засолниште на руските компании и поединци кои сакаат да ги избегнат западните забрани за патување и замрзнување на имотот.
Неименуван советник во владата на Србија, рекол дека предлог-законот за полесно и побрзо стекнување државјанство е само предлог кој не бил прифатен, а неговата функција била да привлече висококвалификувани работници со цел да се стимулира економија на Србија.
Инаку, според пишувањето на други медиуми, секој ден по еден Русин зема бугарски пасош.
